Проект за рано изучување на францускиот јазик

 

Кус опис на проектот

Од учебната 2005/2006 г. во нашето училиште се реализира проектот РАНО ИЗУЧУВАЊЕ НА ФРАНЦУСКИОТ ЈАЗИК, финансиран од ФранцускатаАмбасада и во соработка со БРО и МОН на Република Македонија.

Проектот се состои во тоа што дел од наставните содржини се реализираат на француски јазик.
Тој има за цел да ги поттикнува креативните и творечките вештини на децата, следејќи ја постоечката наставна програма и неселективно овозможувајќи им да ги развиваат своите потенцијали и да се приближат до една европска култура


Кои вештини се развиваат

Со проектот се развиваат вештините кои се неопходни за изучување на еден странски јазик (љубопитност, внимание, слушање, меморизирање, самодоверба во користењето туѓ јазик) и олеснување на комуникациските вештини на својот и на друг јазик. Увото се навикнува на ритмичката и фонолошката реалност на новиот јазик.  Се стекнуваат првични знаења на овој туѓ јазик што понатаму го олеснува процесот на изучување на некој втор или трет јазик.


Кој учествува?

Проектот се спроведува во 5 града на Република Македонија (Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Неготино) а во нашето училиште се приклучи во 2005 со заложбите на тогашниот асистент Елизабета Трпковска. Денес, настава следат вкупно 74 ученика од прво, второ и трето одделение под раководство на одделенските раководители Лидија ЈАНЕВА, Валентина ЃОРЧЕВА и Марина ДИМОВА, со асистенција на Марија Иванова.

Зошто странски јазик на толку рана возраст?

... За тоа има повеќе причини!
Еве што вели Жилбер Далгалијан, доктор по лингвистика и специјалист за рано изучување на странски јазици, Европски центар за живи јазици во Грац, Австрија. - Многу деца од светот природно стекнуваат способност да говорат два или повеќе јазика уште во текот на најраното детство. возраста од 0-7 години е возраст кога кај јазикот на детето постои поголема фонолошка флексибилност. Од 7 годишна возраст па натаму се мешаат спонтаните и свесните учења.(...) Раното изучување на јазикот е преносно. Детето собира фонетски и граматички модели... Тоа има многу поголем капацитет за трансфер и модализација што значи дека станува поефикасно кога треба да учи некој трет или четврт јазик.