Проект за рано изучување на францускиот јазик

 

GRAND CONCOURS DE DESSINS DE L'ETE

ГОЛЕМ ЛЕТЕН КОНКУРС НА ЦРТЕЖИ

Замисли го CANTIN LE VOYAGEUR и нацртај го...

Наставниците од билингвалните паралелки на часот по ликовно ќе им помогнат на учениците да се пријават на овој конкурс кој ќе се оддржи до 30 септември. Наградите ќе бидат тековно и постојано доделувани во тек на следната учебна година...

Родителите можат да се забавуваат заедно со своите деца со тоа што ќе им помогнат своите цртежи да ги нацртаат он-лајн и цртежите веднаш да ги испратат  на следнава адреса:

http://www.cantinlevoyageur.com/ENFANTS/ATELIER/ATELIER_DESSIN.htm


4. ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА - МАНАСТИР СВ. ЃОРЃИЈА - НЕГОТИНО
ATELIER PEINTURE

На 19ти април 2008 г. Неготино беше домаќин и организираше голема ликовна работилница во манастирот Св Ѓорѓија. На оваа работилница учествуваа 120 учесника од 5те града во кои се спроведува проектот. Децата сликаа пролетни мотиви на грнчарија.

3. АКТИВНОСТИ ЗА ПРОВЕРКА НА ОПШТИТЕ ЗНАЕЊА
 EVALUATION DES CONNAISSANCES GENERALES

На 29 март 2008 г. се оддржа КВИЗ НАТПРЕВАР во знаење по сите предмети што се изучуваат на француски. Истиот се спроведе во ОУ “Лирија“ од Тетово. На истиот прво место освоија Ана Вељаноска и Трајче Бојаџиев. Големи честитки за умните првооделенци. Тие го освоија првото место и си добија убави книги. За второ и трето, другиот пат повеќе среќа но без разочарување. И тие си добија подарок книги...

2. АКТИВНОСТИ ПО ЛИКОВНО /BAL MASQUE/
MARDI GRAS

На 5 февруари, во Скопје, се спроведе активност на која учествуваа дваесеттина ученика од нашето училиште и по 7 ученика од секоја паралелка и од сите градови.
Децата се претставија со свои маски во чест на празникот Mardi Gras.
Учениците од 1, 2 и 3 одделение билингвална патуваа во Скопје заедно со своите наставнички Валентина ЃОРЧЕВА и Марина ДИМОВА, придружувани од асистентката по француски јазик Марија ИВАНОВА.

На патот за Скопје децата беа облечени во своите убави маски

Во дворот на училиштето “Димитар Миладинов“ - Скопје

Учениците го очекуваат својот настап.

Маските на нашите деца беа навистина прекрасни

Публиката во спортската сала беше полна со родители, деца и наставници. Воедно присуствуваше и г-нот Жерар Лезје, културен аташе при Француската Амбасада

Довидување! A bientôt. Се гледаме во Тетово..

1. АКТИВНОСТИ ПО МУЗИЧКО
/
SPECTACLE: MUSIQUE ET CHANSONS/ - Bitola

На 24 ноември, во Битола, се спроведе ревијална приредба на која учествуваа по 5 ученика од секоја паралелка и од сите градови. Децата се претставија со песнички и кореографија пред битолската публика а настанот се оддржа во Домот на култура во Битола.
Еве како си го поминавме денот?

Bon courage, les enfants!

Не испратија родителите и ни посакааа среќен настап.


A l’école Cyril et Méthode à Bitola

Во ОУ Кирил и Методиј во Битола


Devant la sculpture de Milton Manaki

Пред скулптурата на Милтон Манаки


Au restaurant Couscous ...

Во “Кус-Кус“ близу Широк сокак


A la fin de la journée, nous sommes déjà fatigués!

Довидување Битола!


Au revoir!

Довидување и се гледаме во Скопје!