Проект за рано изучување на францускиот јазик

 

Année scolaire 2006-2007

Активности и натпревари 2006/2007
НАТПРЕВАР: JEUX SANS FRONTIERES - 2007



Во април 2007 се оддржа републичкиот натпревар по физичко Игри без граници /JEUX SANS FRONTIERES/ на кој учествуваа 6 ученика од нашето училиште /Надица, Блаже и Дамјан од второ одделение и Мима, Диме и Бруно од прво одделение/.

Децата од прво одделение ги освоија сите награди од својата категорија и си заминаа дома со подароци а Мима БАЛКАНСКА го освои првото место.


Année scolaire 2005-2006

Нацртај ми го мирот

Во март 2006, во училиштето Димитар Миладинов - Скопје, се спроведе ликовна работилница под мотото: DESSINE-MOI LA PAIX (Нацртај ми го мирот) а учениците од билингвалните паралелки, меѓу кои Матеј ТРПКОВСКИ и Симона ДАНАИЛОВА од прво одделение, изработуваа цртежи на керамика и со нив учествуваа на светското ликовно ателје.


Творбите на Матеј и на Симона од прво одделение

Ѕидот на мирот

Нивните творби имаат трајна поставка на Ѕидот на мирот /Le mur de la paix/ кој се наоѓа на влезот на светски познатиот стадион Ролан Гарос.

Во 2006 други позначајни активности беа натпреварот Млади франкофони /JEUNES FRANCOPHONES/ на кој учествуваше Рената ЃОРЃИЕВСКА од прво одделение, летниот франкофонски камп на Пелистер и ликовната-театарска работилница на Фабијан ПАВИ /Види подетално на www.poetesenherbe.wetpaint.com/.